Мали: Десет илјади динари за деца постари од 16 години и за мајки на деца до 16 години

mali_33455334
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Српскиот министер за финансии Синиша Мали денеска изјави дека сите деца родени по 21 ноември 2006 година ќе добијат еднократна парична помош од 10.000 динари (85,24 евра), за што од буџетот ќе бидат исплатени околу 100 милиони евра, со што се решава проблемот на децата кои имаа помалку од 16 години кога беа исплатени мерките за подршка на младите, а сега имаат повеќе од 16 години, јави дописникот на МИА од Белград.

-Мојата порака е дека за сите деца кои се родени на 21.11.2006 година и подоцна оваа помош ќе им биде исплатена. Станува збор за околу 1.190.000 деца кои ќе ја добијат оваа помош вредна околу 12 милијарди динари, изјави Мали на РТС и уште еднаш повтори дека исплатата на оваа финансиска поддршка на ниту еден начин не ги загрозува јавните финансии.


Тој особено ја истакна важноста на споменатиот предлог-закон за помош на мајки на деца до 16 години и измените на Законот за финансиска поддршка на семејства со деца, што денес се очекува да биде усвоен во Собранието.

-До крајот на септември, доколку се донесе законот, на секоја мајка, згрижувач или старател ќе им исплатиме по 10.000 динари еднократна помош за деца до 16 години. Процедура за аплицирање ќе биде едноставна, електронски на порталот на Управата на Трезорот. Пријавувањата ќе траат од 20 август до 20 септември, по што брзо ќе започне исплатата, прецизира министерот Синиша Мали, се наведува во соопштението од ресорното министерство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK