Лајчак: Многу ниско ниво на доверба во дијалогот меѓу Белград и Приштина

lajcak.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак изјави дека кога станува збор за стратегијата за дијалог во наредните месеци, двете страни пред се треба да ги нормализираат односите.

Лајчак за италијанскиот весник „Стампа“ изјави дека во дијалогот се уште се разговара за редоследот на чекорите за имплементација на Охридскиот договор и неговиот анекс бидејќи, како што наведе, нивото на доверба меѓу Белград и Приштина е многу ниско.

Лајчак вели дека подобар договор нема и затоа е потребно да се фокусираат на негова имплементација.

Тој оцени дека е постигнат напредок кога Србите на северот на Косово ја почнале процедурата за повторување на изборите во четири општини.

Лајак рече дека смета дека нема ризик од нов конфликт во балканскиот регион, иако има тензии, но дека нема потенцијал за конфликти и посочи дека меѓународните мисии се распоредени и во Косово и во Босна и Херцеговина.

Тој посочи дека атмосферата во Брисел е променета и дека ЕУ ја отвори вратата за проширување, вклучувајќи го и регионот на Западен Балкан.

„Атмосферата во Брисел и земјите членки навистина се промени. Членовите сега се сериозно заинтересирани за проширување. Вратата се отвора. Сега се работи за искористување на таа можност. Тоа е геополитичко прашање за Европа. Интеграцијата не е целосна без балканскиот регион“, рече Лајчак.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK