Курти побара од ЕУ да ги укине мерките за Приштина

На-српски-jазик-Курти-им-се-заблагодари-на-сите-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Koсовскиот премиер, Албин Курти, синоќа на средба со високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел и со претставникот на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во Минхен повторно побара да се потпишат договорите постигнати во Брисел и Охрид и ЕУ да ги укине мерките против Приштина.


Во соопштението на кабинетот на Курти, се наведува дека потпишувањето на Основниот договор постигнат во Брисел и неговиот анекс договор во Охрид е неопходен како „гаранција за нивно целосно почитување и спроведување“.

За време на разговорите на маргините на Минхенската безбедносна конференција, Курти повторно го обвини Белград за кршење на тие договори, јавуваат приштинските медиуми.

Тој исто така рече дека „мора да се отстранат неправедните рестриктивни мерки воведени од Европската унија“.

Во соопштението се наведува дека на средбата се разговарало за процесот на дијалог, спроведувањето на договорите и нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK