Курти објави слики од оружјето пронајдено во Косово: „Србија мора да биде целосно одговорна за помагање на терористичкото насилство“

Курти-објави-слики-од-оружјето-пронајдено-во-Косово-„Србија-мора.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Косовскиот премиер Албин Курти на платформата Х повторно проговори за нападите врз косовската полиција што се случија во неделата. Курти нагласи дека Србија треба да сноси целосна одговорност за нападите врз косовската полиција на северот на земјата.


„Ова воено оружје и опрема, заробени во антитерористичката операција на косовската полиција по нападот во неделата, не остава простор за сомнеж: сторителите на злосторството не дејствувале сами, туку со поддршка од државата“, вели Курти и додава: „Србија мора да биде целосно одговорна за помагање на терористичкото насилство на територијата на Република Косово“, напиша тој.

Курти објави список со целото оружје што е запленето на северот, како и неколку слики од него. Да потсетиме, полицаецот Африм Буњаку беше убиен во нападите врз косовската полиција на северот од земјата во неделата. Во нападите се ранети уште тројца полицајци, од кои едниот со огнено оружје.

Во нападот врз косовската полиција настрадаа тројца Срби.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK