Курти: Намалено полициско присуство за 25 отсто, подготовки за предвремени избори

kurti 111
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот на Косово Албин Курти денеска изјави дека Приштина го намалила присуството на косовската полиција за 25 отсто во три општински згради на северот на Косово и дека се подготвуваат за вонредни избори.

„Почнувајќи од минатата недела, го намаливме присуството на косовската полиција за 25 отсто во три општински згради на север. Сега почнуваме да го отвораме патот за предвремени избори. Косово веќе со добра волја го спроведува договорот со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина (Мирослав Лајчак) за деескалација, постигнат во Братислава“, напиша тој на Твитер.


Курти во понеделникот се сретна со Лајчак во рамки на меѓународен симпозиум што се одржува во Грција, а по средбата изјави дека со него имал долга дискусија за намалување на тензиите и нормализирање на односите со Белград.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK