Косовскиот премиер Албин Курти денеска разговараше со шефот на мисијата на ОБСЕ на Косово, Мајкл Девенпорт, за процесот на вонредни избори во општините на север и за интеграцијата на немнозинските заедници, соопшти Владата на Косово.
„Курти ја изрази својата загриженост за заканите и заплашувањата што Белград и нелегалните структури ги испраќаат до младите полицајци кои „неодамна биле ангажирани во косовската полиција“. На средбата се разговараше и за интеграцијата на немнозинските заедници и за пречките со кои тие се соочуваат“, се вели во соопштението.
Курти му се заблагодари на Девенпорт за поддршката на ОБСЕ во решавањето на подзаконските акти, во врска со членот 72 од Законот за локална самоуправа, кој ги регулира прашањата за одржување вонредни избори како предуслов за нивно одржување, како и за состојбата со градоначалниците во општините Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.