На Русија и останаа малку пријатели, особено во Европа, па решија да ги искористат српските избори во очајнички обид да останат релевантни, обидувајќи се да направат раздор меѓу Србија и нејзините евроатлантски партнери. Сè што и нудат на Србија е нестабилност и спротивно на напредокот, изјави за „Блиц“ Кристофер Хил, амбасадор на Соединетите Американски Држави (САД) во Белград.
Тој, меѓу другото, одговара на прашањето за тврдењето на руските функционери дека Западот поттикнува „обоена револуција“ или „Мајдан“ во Србија.
Ги видов овие изјави и мислам дека се смешни – вели Хил за Блиц.
Како што додава, „тука никој не поттикнува револуција“. Тој, исто така, истакнува дека „Србија е демократска земја, а нејзините граѓани сами одлучуваат за својата иднина“.
– Бевме јасни дека овие избори покажаа недостатоци во изборните процеси во Србија, кои Србија мора да ги реши. Меѓународната заедница, вклучително и ОБСЕ, е подготвена да помогне. Но, демократскиот напредок на Србија на крајот зависи од нејзините граѓани. Единствениот меѓународен актер што стои на патот на нејзиниот напредок е Русија – ниту Америка, ниту Европа, ниту кој било друг на Запад – рече Хил.