Ковачевски оствари билатерална средба со Калас, имаше и куса неформална средба со бугарскиот премиер Денков

kovacevski- kalas
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Односите меѓу Македонија и Естонија се традиционално добри и пријателски, проследени со континуиран и развиен политички дијалог, констатираа денеска во Вилнус, премиерот Димитар Ковачевски и премиерката на Естонија, Каја Калас, кои остварија средба на маргините на Самитот на НАТО.







На средбата, како што информираат од Владата, присустувал и министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, јави известувачот на МИА од Вилнус.

Премиерот Ковачевски се заблагодарил за силната и континуирана естонска поддршка на македонскиот евроинтегративен пат.

На средбата се разговарало и за теми од дневен ред на Самитот на НАТО, како и на претседавањето на Македонија со ОБСЕ.

Ковачевски се заблагодарил на естонската премиерка Калас за поддршката која Естонија ја дава за нашите проритети како земја претседавач со ОБСЕ и истакнал дека Македонија, како и досега во рамки на престедавањето со Организацијата, ќе продолжи да вложува напори да ја подобри координацијата и ќе се залага за заедничко спроведување на активности како предуслов за позитивни промени во ОБСЕ.

Ковачевски по билатералната средба, како што брифираат владини извори во просторијата за високи претставници на делегации имал неформални куси средби со неколкумина лидери, меѓу кои и со бугарскиот премиер Николај Денков.

Ковачевски и Денков се запознале и имале кус неформален разговор. Двајцата премиери кон крајот на јуни остварија телефонски разговор, во кој Ковачевски му го честиташе мандатот на бугарскиот премиер и му посака успешна работа на новоизбраната Влада што ја предводи. Во телефонскиот разговор било изразено очекување од двете страни, за добра меѓу владина соработка, во интерес на граѓаните и на добрососедските односи, а била потенцирана и важноста од промоција на позитивната реторика којашто придонесува во меѓусебната доверба.

Куси неформални средби премиерот Ковачевски оствари и со британскиот премиер Риши Сунак, словенечкиот претседател Роберт Голоб и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK