Како што пренесува италијанскиот „Кориере дела сера“, меѓу загинатите во автобуската несреќа кај Венеција, е и едно лице од Хрватска.
Во автобусот имало двајца Хрвати. Наводно, се работи за млад брачен пар од Сплит или неговата околина.
Според се уште непотврдени информации, почината е млада жена, додека млад човек е опериран и се наоѓа во една од блиските болници.
Меѓу 21 загинат има петмина украински државјани, Германец, Французин и Италијанец.