Ќерката осомничена за убиство на мајка си, полицијата во Ниш ја бара

policija-srbija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Ниш се случило страшно злосторство кога ќерката М.Ц., која имала триесет години, ја убила мајката З.Ц., а како што пренесуваат српските медиуми, според соседите на оваа нишка населба, мајката и ќерката имале лоши односи со години.



-Ќерката беше ментално болна. Имаа многу проблеми во минатото, полицијата често им доаѓаше на врата поради тепачки – раскажуваат соседите.

Инаку, откако го извршила страшното злосторство, ќерката побегнала, а полицијата интензивно трага по неа.

– Во населбата во која живее ова семејство често наидувавме на огласи кои ги објавуваше ќерката на убиената. Знаеше да напише „Помогни ми, болна сум“ и секакви други работи, се жалеше дека ја малтретираат во куќата, а што всушност се случило зад тие затворени врати, веројатно само тие знаат – велат соседите.

Инаку, тие тврдат дека синоќа се слушнала силна врева од куќата која набрзо станала место на злосторство. Недолго потоа завладеала тишина, но никој од нив не можел да претпостави дека се работи за нешто такво.

„Имаше некои викања, кршење стакло, хаос, немавме поим што всушност се случи. Кога слушнавме дека ја убила мајка си, останавме шокирани. Подоцна слушнавме дека таткото чувал кози на ливада, а кога влегол дома имал што да види, сопругата лежела во локва крв, а од ќерката немало трага“, изјавиле соговорниците и додале дека виделе дека набргу по убиството по нивниот сокак со наведната глава се движела девојка за која претпоставуваат дека станува збор за осомничената.

-Полицијата се уште ја бара, кажавме што видовме, не сме сигурни дали воопшто е таа, но видовме девојка на нејзина возраст.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK