Киличдароглу: Ни недостасуваше демократијата

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Турскиот претседателски кандидат Кемал Киличдароглу – главниот предизвикувач на актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган – ја поздрави потенцијалната претстојна промена во земјата додека гласаше на изборите во Турција, јави ДПА.

– Многу ни недостасуваше демократијата, рече Киличдароглу пред телевизиските камери додека стоеше пред гласачката кутија во главниот град Анкара.



– Се надеваме дека пролетта наскоро ќе дојде, рече 74-годишниот кандидат мислејќи на можната победа на изборите.

Во Турција денеска се одржуваат претседателски и парламентарни избори.

Анкетите покажуваат тесна трка меѓу Киличдароглу и 69-годишниот Ердоган.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK