Катастрофални поплави зафатија дел од Грција, едно лице загина

poplava grcija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Невремето Даниел од вчера ги зафати западните и централна Грција, поплавувајќи куќи и патишта низ земјата.

Во градот Волос е снимена неверојатна снимка на која реките носат се пред себе, но и автомобили кои се обидуваат да се движат по поплавените улици.


Противпожарната бригада соопшти дека денеска починал маж откако се урнал ѕид и паднал врз него.

Како што јавува Атинската новинска агенција, ѕидот се урнал кога маж, сточар, се обидувал да дојде до своите животни.

Невремето ја погоди Грција само неколку дена по катастрофалните шумски пожари кои беснееја со недели и однесоа многу животи беа ставени под контрола на северот на земјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK