Каде е цуцлата на Данка, рачињата кои ги подаваше до небото, прашуваат шокираните жители на селото

Screenshot-2024-04-11-172116.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Не само јас, туку сите ние, овде, овие наши добри луѓе, и сиот наш народ, моите деца, тоа е тежина што не може да се поднесе. Посакувам да не сум се родил, за да го доживеам сето ова. Кои сме ние, деца мои, да нè удри ваква несреќа. Малото село Злот, господ му ја даде убавината со природата, а им ја зеде и мудроста на некои од луѓето кои живеат тука и им ги врза јазиците. И меморијата, раскажува жител на селото за српските медиуми за случајот со малата Данка.

Како чума да го зафати селото, додаваат тие за медиумите во соседството.

Луѓето се затвораат во своите куќи. Тие се плашат од зборови.

Специјалистички екипи на полицијата, противпожарната и други екипи празнеле резервоари за вода, бунари, езерца околу Злот, со цел да ја пронајдат малата Данка.

„Сите сме исцрпени. И овие што трагаат, а овие другите се бранат со молчење. Драгијевиќ се чудни луѓе, понекогаш не кажуваат ни добро утро“ раскажува близок роднина на ова семејство.

„Не е во ред сите да бидеме етикетирани како склони кон се и сешто.

Потрагата по Данка влезе во третата недела. Нема одговор каде се нејзините мали рачиња кои би ги испружила кон небото. Каде се? Каде е цуцлата на ова девојче, која ќе ја паметиме по играта со пеперутки“, вели тој.

Објаснува дека во селото Злот вестите се менуваат секој час, секоја секунда. Едноставно не стигнува веста, онаа што би ја скршила страшната нишка – дали мајка и’ Ивана и татко ѝ Милош можат да ја пречекаат и да ја погребаат, како Светлана Драгијевиќ што направи со својот Далибор, прашуваат жителите.

Талкаме по ридовите на Злот. Во шумите. По коритото на реката. Во пештерата. Секаде каде што деноноќно беа полициските екипи. Талкаме низ гробиштата. Злот има две. Да имаше две градинки, ќе беше супер. Можеби оваа беда не би постоела. Можеби тие што признаа дека убиле, гледајќи ги лицата на децата, никогаш немаше да го сторат тоа, раскажуваат мештаните.

„Да ми беше мене направено тоа, ниту тој, ниту јас немаше да живееме“, вели еден жител на селото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK