По продолжениот топлотен бран, Грција во следните два дена ќе се соочи со силно невреме кое ќе биде придружено со силен дожд, грмежи и град, соопшти Националната метеоролошка служба.
Националната метеоролошка служба издаде итно предупредување за промена на временските услови во Грција
Исто така, беше посочено дека најинтензивно невреме се очекува во четврток и дека невреме ќе има во претежно планинските предели во централниот и северниот регион.
Температурата само малку ќе опадне и ќе се движи околу 30 степени. Западно-северозападен ветер со исклучителен интензитет се очекува во Јонското Море.
Во четврток невремето ќе стигне до северниот дел на Егејското Море и кон копното на Грција. Подрачјата кои ќе бидат зафатени се: Тракија, Халкидики, Тесалија, Споради, Стерија, Пенелопез и Евија.
🎯 ΣΥΝΤΟΜΗ ΕΝΗΜΕΡΩΣΗ
✅Πέραν του εκτάκτου δελτίου το οποίο θα επικαιροποιηθεί το μεσημέρι, θέλουμε να επισημάνουμε τα εξής:
α) Δεν εμφανίζονται ιδιαίτερα μεγάλα ύψη υετού.
β) Η συχνότητα ηλεκτρικών εκκενώσων θα είναι υψηλή κυρίως σε Αττική και Βοιωτία.
✅Ακολουθείτε… pic.twitter.com/oBfmTemXlv— Theodoros Kolydas (@KolydasT) July 3, 2024
На наведените места се очекува драстичен пад на температурите.
Предупредување за невреме е издадено и во Атика и Беотија.
Генералниот секретаријат за цивилна заштита им препорачува на граѓаните да бидат внимателни и да ги преземат сите заштитни мерки. Посебно предупредување се однесува на области каде што се очекуваат обилни врнежи, бури и силен ветер.
Од петок се очекува разведрување и враќање на реалните летни температури кои се очекуваат за викендот.