Истрага за странските „викенд-снајперисти“ во Сараево: „Носеа пушки што личеа како за на лов, ги таргетираа децата“


saraevo-vojna-1994-epa.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обвинителството во Милано повторно ја активира истрагата за т.н. „викенд-снајперисти“ – странци кои за време на опсадата на Сараево биле платени да пукаат врз цивили. Како дел од постапката, италијанските обвинители побараа увид во сведочењето на американскиот пожарникар Џон Џордан од 2007 година, дадено пред Хашкиот трибунал.


Џордан тогаш изјавил дека видел вооружени мажи кои „не личеле на локални жители“ и дека биле придружувани од водичи. Тој опишал дека носеле комбинација од цивилна и воена опрема и пушки што личеле на ловечко оружје. Според него, снајперистите често ги таргетирале најмладите во семејствата – деца што оделе со возрасни или девојчиња.

Италијанското обвинителство, предводено од обвинителот Алесандро Гобис, ја проширува истрагата и врз можни италијански државјани кои учествувале во вакви злосторства. Во постапката се вклучени и документи од поранешната италијанска разузнавачка служба СИСМИ, која, според сведочења, имала сознанија за присуство на странски платеници во Босна и Херцеговина.

Истрагата се води за евентуално намерно убиство извршено со суровост и злобни мотиви, како и за идентификување на организаторите на „викенд-турите“ и лицата што плаќале за учество.

Опсадата на Сараево траеше од април 1992 до февруари 1996 година, при што градот беше секојдневно изложен на гранатирање и снајперски напади.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK