Инцидент во дискотека во Црна Гора каде што бил премиерот Абазовиќ, употребен и солзавец

dritan-abazovich.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во моментот кога премиерот Дритан Абазовиќ синоќа околу 2 часот и 30 минути ја напуштал дискотеката „Топ Хил“ во Будва, дошло до физички конфликт меѓу две групи млади момчиња, но тоа немало никаква врска со премиерот и неговото обезбедување, ниту била загрозена неговата безбедност во било кој момент, информираат од полицијата за РТЦГ.


Како што објавија црногорските медиуми, не е точно дека премиерот бил евакуиран и во моментот кога се случил инцидентот тој веќе излегувал од дискотеката.

„Инцидентот нема никаква врска со премиерот, ниту е на било каков начин загрозена неговата безбедност“, информира црногорската полиција.

Солзавецот бил употребен за да се потисне конфликт меѓу две групи млади мажи, но тоа нема никаква врска со премиерот, неговите движења или обезбедувањето, додава полицијата.

Некои регионални медиуми утринава објавија дека премиерот бил нападнат во дискотека во Будва, но според претставници на црногорската полиција тоа се апсолутно неточни наводи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK