Хрватска ја повлекува чоколадата Милка

Хрватска-ја-повлекува-чоколадата-Милка.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Како мерка на претпазливост, компанијата „Mondelēz International“ го повлекува својот производ Milka Oreo Bar (37g) од хрватскиот пазар поради можно присуство на мало парче пластика.

Како што се наведува понатаму, ниту еден друг производ на споменатата компанија, ниту некој друг производ од палетата на брендовите Милка и ОРЕО, не бил засегнат со овој случај, пренесува Блиц.

Станува збор за производ Milka Oreo Bar (37g), со рок на употреба до 18.08.2024 година, а на пакувањето е испечатен специфичниот ЛОТ број OSK0934652.

Компанијата ги повикува сите потрошувачи кои го купиле овој производ на хрватскиот пазар да не го консумираат, туку да се обратат во продавницата од каде што е купен производот со приложената сметка за враќање на средствата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK