Хорор кај Димитровград: мигрант бил избоден 20 пати во белите дробови и стомакот по расправија покрај автопат

Хорор-кај-Димитровград-мигрант-бил-избоден-20-пати-во-белите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мигрант утрово бил избоден со нож покрај автопатот во околината на Димитровград, објавија српските медиуми.


Од полицијата во Пирот за српски Блиц е потврдено дека мигрантот се здобил со убодни рани во утринските часови во пресметка на автопатот кај Димитровград и дека со повреди е примен во болницата во Пирот, но се уште официјално не можат да соопштат колкав е степенот на повредите и другите околности на случајот.

Не се знае од која земја е странскиот државјанин, колку години има и каков е неговиот статус на престој во Србија. Која била причината за тепачката во која бил повреден, исто така се уште не се знае.

Како што пишуваат медиумите, во тепачката мигрантот се здобил со 20 убодни рани, од кои три потешки.

Според неофицијални информации, тој се здобил со повреди на белите дробови и стомакот и се наоѓа во шок собата на болницата во Пирот, каде што е донесен со возило на Брза помош од Димитровград. Се размислува и за неговиот транспорт до УКЦ Ниш

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK