Грците одбраа да ја гледаат дебатата на политичките лидери, наместо полуфиналето на Лига на шампиони

grcija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рејтинзите на грчките телевизии покажуваат дека синоќа, Грците одбрале да ја гледаат ТВ дебатата на лидерите на политичките партии, наместо полуфиналниот фудбалски натпревар од Лигата на шампиони меѓу Милан и Интер, јави дописничката на МИА од Атина.

Дебатата почна еден час порано од натпреварот и завршија речиси во исто време, а согласно податоците од Нилсен што ги објави ЕРТ, државната телевизија во просек имала 22 отсто гледаност, наспроти 17,2 проценти на телевизијата МЕГА, која го пренесуваше фудбалскиот натпревар.


Првиот и третиот канал на ЕРТ кои во живо ја емитуваа дебатата, постигнале просечна гледаност од 20,1 и 1,9 проценти, додека пак над 2.100.000 гледачи ја гледале дебатата најмалку една минута.

ТВ дебатата, освен на државната телевизија ЕРТ во живо ја пренесуваа и уште пет приватни телевизии кои имаат помала гледаност меѓу 3,5 и 10,8 отсто.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK