Во Грција почна задолжителна проверка на конструкциите на државните згради за отпорност на земјотреси. Над 5.000 од овие објекти не ги исполнуваат стандардите, утврдила досегашната инспекција.
Во Грција мора да ги проверат сите објекти во јавна сопственост за сеизмичка отпорност. Регулативата беше воведена по силниот земјотрес во Турција. Премиерот Мицотакис се обврза да провери 35.000 државни згради.
Професорот по сеизмологија Лекас за медиумите изјави дека досега комисија од специјалисти утврдила дека најмалку 5 илјади згради во земјата имаат пропусти во градбата.
Надлежните посветуваат посебно внимание на училиштата и болниците, бидејќи повеќе од половина од овие згради се изградени пред 1985 година, а повеќето од нив никогаш не биле подложени на сеизмички мониторинг.
Министерот за климатски кризи и цивилна заштита рече дека и приватните домови ќе бидат предмет на задолжителна контрола по владините згради.