Грција по страшното невреме: Активирани свлечишта, уништени патишта, Волос е како „град кој е бомбардиран“

Грција-по-страшното-невреме-Активирани-свлечишта-уништени-патишта-Волос-е.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Многу куќи се поплавени, а многу патишта се тешко оштетени од невремето што зафати делови од Грција.



Во Волос поради невремето „Елиас“ се активираа голем број одрони, а проблеми има и во снабдувањето со струја и вода.

Како што пренесува грчкиот јавен сервис „ЕРТ“, Волос моментално изгледа како „град кој е бомбардиран“, откако во септември падна дожд како за две и пол години, пренесува медиумот.

На островот Евија многу области се уште се без струја и вода поради штетите предизвикани од излевањето на реките.

Многу патишта се уништени, а голем број згради се под вода, пренесува „Катимерини“.

Мештаните се обидуваат да ја отстранат калта со трактори и лопати.

Во Тесалија некои училишта се уште работат од далечина бидејќи училниците се поплавени, но во поголемиот дел од училиштата од денеска почнува наставата во живо.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK