Грчкото МНР реагира за отфрлањето на жалбата на градоначалникот на албанскиот град Химара


grcko mnr
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение реагира на отфрлената жалба на градоначалникот на албанскиот град Химара Фреди Белерис за прекин на притворот, коментирајќи дека не е во согласност со владеењето на правото, јави дописничката на МИА од Атина.

-Денешното отфрлање на жалбата на избраниот градоначалник на Химара, Фреди Белерис, против продолжувањето на притворот, не произлегува дека е во согласност со одредбите на владеењето на правото, но и не претставува праведен третман на избран претставник на локалната власт, бидејќи, како што произлегува од соопштението на Специјалното обвинителство на Албанија, тоој е единствениот притворен од вкупно 31 обвинет за изборен криминал, соопштуваат од грчкото МНР.


Додаваат дека случајот покренува прашања за постоењето на политички димензии, бидејќи  го спречува Белерис да ги преземе должностите како градоначалник.

Парлелно посочуваат дека „континуираниот притвор на Белерис“, била темата на денешната средба на минисерот за надворешни работи Василис Каскарелис со неговата албанската колешка Олта Џачка на маргините на неформалниот состанок на МНР на земјите членки на НАТО во Осло.

-Министерството за надворешни работи го држи прашањето многу високо во своите приоритети и освен билатералната димензија на прашањето, ќе продолжи да ја информира и подига свеста на меѓународната заедница и особено на европските партнери, бидејќи Албанија е земја кандидат. за членство во ЕУ, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK