Грчката крајбрежна стража денеска пронашла група од 14 мигранти и тело на маж на брегот на островот Фармакониси, во источниот дел на Егејското Море, соопштија властите.
На островот биле пронајдени пет мажи, шест жени и три деца, заедно со телото на маж.
Се уште не е јасно како починал мажот.
Мигрантите дошле на островот од турскиот брег со гумен чамец кој потонал, соопшти крајбрежната стража.
Како што додаде крајбрежната стража, мигрантите и телото на мажот биле пренесени на блискиот остров Лерос.
Засега нема пријави за исчезнати лица.