Градоначалникот на Кукс поднесе оставка по секс скандал

Safet Gjici
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на северниот албански град Кукс, Сафет Ѓици, поднесе оставка од функцијата, по објавувањето на видео на кое се појавува во интимни моменти со девојка во неговиот кабинет во Општината.

Во реакцијата на социјалните мрежи, Ѓици наведува дека станал плен на стапица, која, според него, била детално подготвена.


-Најдлабоко извинување до јавноста до секој што го виде тоа грдо видео денес. По тешка кампања и соочување со моите противници, по што излегов како победник, за жал станав плен на стапицата која детално ја подготвија истите луѓе со кои се соочив на изборите. Овде успеаја во друга валкана форма да го направат тоа што можеа да го направат со гласот на жителите на Кукс, изјави Ѓици.

Тој призна дека извесен период бил во врска со девојката која се појавува во видеото.

Ѓици беше избран за градоначалник на локалните избори што во Албанија се одржаа на 14 април, како кандидат на владејачката Социјалистичка партија. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK