Големиот пожар на североистокот на Грција постепено стивнува: 17 дена пустошеше по шумите, пожарникарите се уште имаат полни раце работа

pozar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Големиот шумски пожар, кој за 17 дена опустоши огромни шумски површини во североисточна Грција, постепено стивнува, иако стотици пожарникари се уште се борат со запалени џебови, соопшти денеска грчката противпожарна служба.
Засилување беше испратено во текот на викендот на шумскиот пожар во регионот на Еврос, во близина на границата со Турција, со што вкупниот број на пожарникари достигна 741.

На терен има и 124 возила и два авиони.
Во пожарот загинаа 20 лица, а се претпоставува дека сите жртви се мигранти кои неодамна ја преминале границата со Турција, пренесува АП.



Пожарот избувна на 19 август во близина на градот Александрополис и се спои со други пожари во еден масивен шумски пожар.

До недела изгореа повеќе од 93.000 хектари земја, покажуваат податоците на службата за итни случаи на ЕУ „Коперник“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK