Го извлекле од кревет, па го врзале во шума и го убиле – жена и нејзиниот љубовник осомничени за брутално злосторство во Добој

Го-извлекле-од-кревет-па-го-врзале-во-шума-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради брзата реакција на полициските службеници од повеќе полициски одделенија, Министерството за внатрешни работи на Република Српска за само неколку часа пронајде лица кои се поврзани со кривичното дело убиство што се случи во Добој, изјави Мирна Миљановиќ, раководител на Одделението за односи со јавноста на МВР на Република Српска.


Најважно е дека сторителите се идентификувани и откриени – изјави Миљановиќ за РТРС.

За убиството на  Саша К., осомничена е неговата сопруга А.К. и човек кој се претпоставува дека и е љубовник.

И двајцата беа уапсени. Саша бил брутално убиен со нож во шума недалеку од излетничкото место Преслица, а неговото тело било пронајдено врзано за дрво. Устата и очите му биле залепени со селотејп, а како мотив за злосторството се сомнева дека е љубомора.

Набрзо било пронајдено тело и се сомнева дека Саша бил нападнат додека спиел, односно дека напаѓачите го удриле со тврд предмет и го онесвестиле. Потоа го врзале, го ставиле во автомобил и го однеле во шумата каде што бил брутално убиен.

Според неофицијални информации, истрагата почнала откако Саша под непознати околности „исчезнал“ од куќата.

Таа изјави дека други детали претставници на Полициската управа во Добој ќе соопштат на вонредна прес-конференција, пренесува Српскаинфо.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK