Го извадил черепот на татко му од семејната гробница и го чувал во плакарот: необичен случај во Белград

policija-srbija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Маж од Белград кај кого полицијата пронашла човечки череп во плакарот во собата, рекол дека тоа е черепот на неговиот татко, кој пред 45 години бил закопан во семејната гробница.

Го видел, кога го отвориле за да погребаат роднина.

„Белграѓанинот тогаш забележал дека во черепот на неговиот татко нема златни заби. Тоа го повредило и черепот го донел дома. Не ја известил полицијата за случајот“, вели соговорник на „Телеграф“ близок до случајот.

По наредба на обвинителството, извршена е обдукција во Институтот за судска медицина, пренесуваат медиумите во соседството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK