Гласаа Сакеларопулу, Мицотакис, Ципрас и останатите лидери на грчките партии

grcija_izbori_3543534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Денеска гласаме за нашата иднина, апсолутно сум сигурен дека утре ќе осамне уште подобар ден за земјата, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додека пак лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас истакна дека „промената е во рацете на народот“, јави дописничката на МИА од Атина.







Мицотакис, Ципрас, но и грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и лидерите на останатите партии претпладнево го остварија нивното право на глас на парламентарните избори во Грција.

Грчкиот премиер истакна дека граѓаните денеска гласаат „за повисоки плати, за повеќе и подобри работни места, за поефикасен здравствен систем, за општество со помалку нееднаквости, за посилна татковина, со важна улога во Европа, со заштитени граници“.

-Изборите се празник на демократијата. Денес одговорноста за управување со државата е кај вас, кај граѓаните, но јас сум апсолутно сигурен дека утре ќе осамне уште подобар ден за нашата држава, истакна грчкиот премиер.

Лидерот на СИРИЗА рече дека „граѓаните ја имаат во свои раце можноста да го спроведат мнозинското барање за промена на курсот на државата, порача дека е во рацете на народот да ги остави зад себе „тешките четири години на нееднаквости, неправди, несигурност“ и да го отвори патот за „Влада на прогресивна соработка, за социјална правда и надеж за подобро утре“.

-Влада, која ќе има нови лица, но во главно нов морал и стил на владеење. Промените денес се во рацете на нашиот народ, потенцираше Ципрас.

Грчката претседателка посака и изрази надеж дека на денешните избори ќе има голема излезност што „ќе биде најдобра потврда за демократијата“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK