Германец снимал голи деца во Истра: бил фатен од обезбедувањето

trogir-hrvatska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата ја заврши кривичната истрага за 50-годишен германски државјанин и утврди сомнение дека сторил кривично дело искористување деца за порнографија, соопшти денеска истарската полиција.


Како што се наведува во соопштението, завчера околу 12:30 часот, чувар во туристички објект на подрачјето на Истра затекнал германски државјанин како снима голи деца со мобилен телефон и го задржал до доаѓањето на полицијата.

По наредба на надлежен суд, полицијата извршила претрес на мобилниот телефон во кој бил пронајден материјал со инкриминирачка содржина, а осомничениот вчераутро бил приведен во притворското одделение на ПУ на Истра, заклучува полицијата во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK