Утринава во Белград по седум часот избувнал пожар во стан на шести кат.
Како што јавува „Блиц“, целосно е опожарен станот на шестиот кат, а една жена со изгореници е пренесена во Ургентниот центар.
Според зборовите на соседите, во станот во кој се запалил живеела една баба со внуците. Раскажуваат дека бабата и внуците наводно успеале да избегаат на покривот на зградата и така да избегаат од пожарот.
Итната помош потврди дека едно лице е повредено.
– Четириесетгодишна жена со изгореници од Бањица е примена на Итната помош – изјавија за Блиц од итната помош.
Сите жители на зградата се евакуирани. Како што објаснија соседите, на една жена и се слошило од страв и била згрижена од итната помош на лице место.
Најголемиот дел од пожарот е изгаснат.
Да потсетиме, во гаснењето на пожарот учествуваа 26 пожарникари со шест противпожарни возила, полицијата и брзата помош.