Ескобар: Силно го поддржуваме процесот за уставни измени и ангажирани сме да нема нови барања од Софија

eskobar_#453534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вашингтон го поддржува процесот за уставни измени што ќе го озозможи пристапувањето на Македонија во ЕУ, а е ангажиран и со новата влада на Бугарија за да се осигура дека нема да поставува нови барања, истакна специјалниот американски пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар во синоќешната дебата за Западен Балкан пред Поткомитетот  за надворешна политика на Конгресот на САД.

– За да ги унапреди своите аспирации за ЕУ, Владата на Македонија е посветена да се спроведат уставни измени за за признавање на бугарското малцинство. Силно го поддржуваме овој тежок, но неопходен чекор, а исто така сме ангажирани со новата влада на Бугарија за да се осигураме дека нема да поставува нови барања откако Македонија ќе ги исполни своите обврски од постоечките договори, рече Ескобар.


Тоj нагласи дека Македонија и Албанија веќе ги отвориле пристапните преговори со ЕУ и се цврсти партнери на САД и сојузнициво НАТО, кои се залагаат за нормализација на осносите меѓу Белград и Приштина.

Ескобар истакна дека евро и евроатлантската интеграција се од клучно значење за да се намали влијанието на штетните актери во регионот, како што се Русија и Кина, но и на корумпираните локални актери, кои имаат за цел да го дестабилизираат регионот и да ги попречат интеграциите, преку проширување на своите влијанија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK