Ескобар: Црна Гора има единствена можност да го забрза својот пат кон ЕУ

eskobar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска за агенцијата МИНА изјави дека Црна Гора има единствена можност да го забрза својот пат кон Европската Унија.

„Црна Гора во моментов има уникатна можност да го забрза својот пат кон ЕУ“, рече Ескобар. Тој посочи дека САД се охрабрени од демократскиот напредок на Црна Гора, кој вклучува неодамнешна промена на лидерот на земјата, како и парламентарни избори.


Ескобар истакна дека претседателските и парламентарните избори во земјата ја истакнале силната желба на црногорските граѓани за европска интеграција, евроатлантските вредности, како и нивната поддршка за НАТО.

– САД поддржуваат влез на Црна Гора во ЕУ, обединета поддршка на НАТО за Украина, граѓанскиот карактер на земјата, почитување на човековите права и подобрувањето на работните услови за динамично граѓанско општество, прецизира Ескобар.

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ вчера ги започна консултациите за доделување мандат за формирање влада. Тој разговараше со претставници на Движењето Европа сега, Демократската партија на социјалистите и Нова српска демократија. Консултациите се очекува да продолжат денеска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK