– Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека резултатите од парламентарните и претседателските избори ги следи од Истанбул, а не од Анкара, јави ДПА.
Според агенцијата, тој изразил надеж дека изборите ќе поминат без проблеми откако гласаше во областа Ускудар во Истанбул.
Во Турција денеска се одржуваат претседателски и парламентарни избори.