Двојка во Словенија доби четири бебиња по природен пат, лекарите велат: „Ова е чудо“

Едногодишно-бебе-почина-во-охридската-болница.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Чудо во Љубљана, рекоа лекарите за раѓањето на Матеј, Лука, Марко и Јован, со царски рез во 31. недела од бременоста.

Мајката зачнала по природен пат, а можноста за раѓање на четворки, без да се помогне бременоста, е многу мала. Околу едно од 500 илјади раѓања, што последен пат се случило во Словенија пред околу 20 години, пишува „Данас.хр“.

Родителите се од Бања Лука, моментално живеат во Цеље, а веќе имаат петгодишен син.

„Сопругата и бебињата се добро. Пораѓањето беше вчера, се беше во ред благодарение на стручниот штаб на медицинскиот центар Љубљана. Среќен сум и горд, малку под стрес“, рекол таткото пред новинарот на РТЛ.

Бебињата се во инкубатор, полека напредуваат, таму ќе бидат околу два месеци.

„Сопругата ќе биде таму бидејќи без мајчина грижа нема ништо. Искрено верував, но не се надевавме. Но, кога тоа се случи, знаевме дека тоа е дар од Бога и дека мораме заедно да одиме до крај. Се може да се надмине со љубов и верба“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK