Дунав се излеа во Унгарија, потопени кејови во Будимпешта

Дунав-се-излеа-во-Унгарија-потопени-кејови-во-Будимпешта.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Речиси 1.200 километри во Унгарија се под предупредување за поплави, а реката Дунав  ја достигна највисоката точка во Будимпешта.


Нивото на водата во Острогон во вторникот во 10:00 часот изнесувало 570 сантиметри, пишува „Hungarytoday.hu“, а пренесува Блиц.

Во Будимпешта нивото на водата во вторник во 10 часот изнесуваше 636 сантиметри, а во четврток наутро се очекува да биде од околу 680 сантиметри.

Поради покачувањето на водостојот, започна отстранувањето на возилата оставени на затворените кејови во Будимпешта, кои се очекува да бидат поплавени на повеќе места, соопштија од кабинетот на градоначалникот.

Реката Раба, притока на Дунав, на 24 декември вечерта достигнала ниво од 365 см.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK