Дуда во Тирана: Полска го подржува членството на Албанија во ЕУ

dud tirana
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полскиот претседател Анджеј Дуда, кој е во официјална посета на Албанија, изјави дека неговата земја силно го поддржува членството на Тирана во Европската унија.







Toј нагласи дека членството на Албанија во ЕУ ќе биде еден од приоритетите на Полска кога ќе го преземе претседавањето со ЕУ во првата половина на 2025 година.

– Со поддршка од Полска, се надевам дека Албанија наскоро ќе биде членка на ЕУ и ќе бидеме заедно во ова големо семејство. Ја објавив и нашата, полска, поддршка за напорите на Албанија за членство во ЕУ. Му кажав на претседателот дека на 1 мај имавме прес-конференција со премиерот на која јасно го нагласивме пристапот на полското претседавање во рамките на ЕУ во првата половина на 2025 година, јасно кажавме кои се приоритетите, меѓу кои и зајакнувањето на врската меѓу САД и Европа, втор приоритет ќе биде членството во ЕУ на Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан, меѓу кои е и Албанија, која е на врвот по исполнување на критериумите, изјави Дуда.

Додаде дека е поддржувач на отворени врати во ЕУ и оти „многу добро ја разбира пожртвуваноста на Албанија и на албанското општество за спроведување на сите потребни реформи“.

-Многу е јасно дека овие реформи се спроведуваат, не се сомневам дека Албанија ќе биде дел од ЕУ што е можно поскоро. Тоа е во наш интерес, тоа е во интерес на ЕУ. Го уверив претседателот дека го поддржуваме ова членство, посочи тој на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин Бајрам Бегај.

Претседателот Бегај изрази благодарност за поддршката што Полска и ја дава на Албанија на патот кон евроинтеграциите.

Бегај ја споменал и солидарноста на Полска со Албанците во времето кога земјата беше погодена од земјотресот на 26 ноември 2019 година. Се задржал и на соработката меѓу двете земји во различни области, како туризмот, образованието и науката.

-Чест ми е што денес сум домаќин на мојот пријател Анджеј Дуда заедно со неговата сопруга. Посветивме внимание на соработката во рамките на евроинтеграциите на Албанија, каде изразив благодарност за поддршката што Полска ја дава. Понатаму изразив уверување дека следниот самит на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи наесен во Тирана, ќе ја има целосната поддршка од Полска, рече тој.

Ова е прва официјална посета на полски претседател на Албанија по 20 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK