Драма во Сплит: во хотел истече хлор, наредена евакуација, две лица се повредени

Драма-во-Сплит-во-хотел-истече-хлор-наредена-евакуација-две.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска дошло до истекување на хлор во сплитскиот хотел „Радисон Блу“, во собите поврзани со базенот, по што две лица биле пренесени во сплитската болница и организирана е евакуација на персоналот од хотелот, соопшти сплитската полиција.



Денеска околу 12 часот и 20 минути имало истекување на хлор во просториите на хотелот во собите поврзани со базенот.

Полициски службеници го обезбедуваа местото на настанот. Сите евакуирани, вработени и гости, ја напуштија областа околу хотелот. Две лица се пренесени за укажување лекарска помош. Заради спречување и заштита на граѓаните, затворен е еден дел од патот, соопшти сплитската полиција.

„Дневник.хр“ пишува дека истрага ќе биде спроведена кога ќе се исполнат условите за тоа.

„Две лица беа примени преку нашата итна служба. 60-годишен маж развил симптоми на отежнато дишење и иритирачка кашлица. Во овој момент лекувањето се уште е во тек, пациентот е надвор од животна опасност, но со оглед на наодите кои стигнаа до нас ќе биде задржан во болница за понатамошно опсервација и опсервација на клиничката состојба. 20-годишната жена е примена на лекување, но со многу поблаги симптоми, а по завршувањето на лекувањето ќе биде отпуштена на домашна нега“, соопштија од КБЦ Сплит.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK