Додик: Западниот свет направи заговор со Бошњаците да ги прогласат неродените деца за геноцидни

dodik-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, денеска, во пресрет на дебатата на Генералното собрание на ОН за резолуцијата за геноцидот во Сребреница, повторно го негираше тоа злосторство и најави иницијатива за „мирно разединување“ на Босна и Херцеговина.


Додик денеска ја донесе целата влада на Република Српска во Сребреница и одржа говор во Братунац, кадешто ги осуди земјите кои ја предлагаат резолуцијата, Германија и Руанда, и околу четириесет други кои ја спонзорираат.

Додик ги нарече лага утврдените судски факти за геноцидот на повеќе од осум илјади Бошњаци извршен од страна на припадниците на војската и полицијата на босанските Срби. Тој тврди дека „неодреден број Бошњаци“ загинале во Сребреница и дека четири илјади мртви тела биле „донесени однадвор“.

„Сите овие години не успеаја да ја докажат таа бројка (над осум илјади жртви)“, рече Додик.

Попладнево во Њујорк, Генералното собрание на ОН треба да гласа за предлог-резолуцијата со која се бара 11 јули да биде прогласен за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Додик веднаш најави дека нема да го почитува ова во РС.

„Нема да ни биде ден за сеќавање бидејќи тој ден ништо не направивме“, изјави Додик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK