Дачиќ: Србија и Кина негуваат челично пријателство, а полициските односи се важен дел

Ivica_Dacic.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ третиот ден од официјалната посета на Народна Република Кина го започна со средба со Џанг Руием, заменик градоначалник и директор на Бирото за јавна безбедност во Гуангжу.



Дачиќ го изрази своето задоволство што за првпат го посетува овој град, каде утре ќе биде домаќин на последната вежба на српските специјални единици, потсетувајќи дека Србија и Кина долги години негуваат челично пријателство и братски односи.

Дачиќ посочи дека е неопходно да се продолжат активностите за продлабочување на соработката меѓу министерствата и полицијата во сите области од заемен интерес, особено во борбата против транснационалниот криминал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK