ЦРПМ македонски партнер во европски проект за управување со биодиверзитетот

CiBioGo meeting-1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ) е македонскиот партнер во Interreg Europe проектот CiBioGo наменет за управување и заштита на биодиверзитетот. Партнерството беше постигнато на состанокот во Словенија, каде беа присутни сите клучни партнери од деветте региони на ЕУ, Италија, Романија, Шпанија, Латвија, Словенија, Брисел, Унгарија, Македонија и Босна и Херцеговина.

Постигнувањето на партнерство меѓу организациите од деветте европски земји претставува важен чекор во напредувањето на управувањето со биодиверзитетот низ Европа. Потребата за заедничко управувањето со биодиверзитетот значително порасна, особено по донесувањето на Европската стратегија за биодиверзитет до 2030 година и нејзината амбициозна цел „30×30“ – да заштити 30% од копното и морските површини на Европа до 2030 година. Ваквата стратегија бара заштита на критичните подрачја, зајакнување на екосистемските услуги и промовирање на еколошки, пријателски територијални, развојни стратегии. Ефективното учество на граѓаните и засегнатите страни е клучно за постигнување на целите, што го прави проектот CiBioGo регионално значаен.


„Вклученоста на ЦРПМ во проектот CiBioGo е сведоштво за посветеноста кон управувањето со биодиверзитетот и животната средина, како и за определбата да ги унапредиме регионалните капацитети во партиципативното креирање политики. Овој партнерски состанок во Словенија ќе го подготви тимот на ЦРПМ и неговите меѓународни партнери за иновативното соработување што претстои. Меѓурегионалниот процес на учење ќе се фокусира на партиципативното управување со биодиверзитетот, метод кој помага да се решат конфликтите помеѓу корисниците, да се поттикне дијалогот меѓу носителите на одлуки, да се адресираат финансиските ограничувања и да се подигне свеста за клучното значење на биодиверзитетот и екосистемските услуги“, истакна Марија Ристеска, извршната директорка на ЦРПМ.

Од февруари 2024 година, Interreg Europe, една од најпознатите меѓународни програми за соработка ко-финансирани од Европската Унија, ги отвори своите врати за седум нови членки, меѓу кои е и Македонија. Во рамките на програмата IPA ADRION, ЦРПМ го имплементира проектот BEALERT, кој има за цел да се справи со заедничките предизвици со кои се соочуваат седум земји: Италија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Албанија и Македонија. Овие предизвици вклучуваат ранливост на климатските промени и ризици како поплави, земјотреси и шумски пожари. Програмата IPA ADRION е европска транснационална програма за соработка која инвестира во регионални системи за иновации, заштита на културното и природното наследство, отпорност на животната средина, одржлив транспорт и градење на капацитети.

ЦРПМ повторно ја докажува својата регионална лидерска позиција преку отворање на нови можности за организациите од регионот на Западен Балкан со учество во оваа нова програма преку два проекти.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK