Сергеј Трифуновиќ уапсен на границата со Србија: „Го однесоа во непознат правец“

Screenshot-2024-09-17-114759.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актерот Сергеј Трифуновиќ е уапсен на граничниот премин Бајаково додека преминувал од Србија во Хрватска, пишува Слободна Далмација.



Тој беше уапсен околу полноќ, а во текот на денот ќе биде изведен во Општинскиот суд за прекршоци во Сплит, каде го чека ново судење.

Споменатиот медиум пишува дека Трифуновиќ очигледно не го вратил долгот кон Хрватска откако беше уапсен за своето куче во септември минатата година во Сплит.

Граѓаните потоа го пријавиле бидејќи на плажата Каштелет го чувал своето куче без надзор, што вознемирило некои присутни.

По апсењето на актерот на граничниот премин, се огласи неговата сопруга Исидора Мијановиќ која тврди дека Сергеј бил физички малтретиран.

„Синоќа околу полноќ мојот сопруг е приведен на граничниот премин Бајаково, откако истече забраната за влез на територијата на ЕУ, без никакво објаснување, со големи непријатности на кои бев сведок, вклучително и физички напад на граничните полицајци. Го однесоа во непознат правец. Повеќе од 9 часа немам информации за тоа каде се наоѓа, ниту причината за приведувањето“, напиша Исидора на Инстаграм.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK