Четиригодишно девојче почина од грип, мајка и ја донела во болница со температура од 41: трагедија во Романија

Четиригодишно-девојче-почина-од-грип-мајка-и-ја-донела-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Девојче (4) почина од грип во областа Прахова, Романија, јавија локалните медиуми. Мајката го донела детето на инфективната клиника со температура од 41 и грчеви.


Како што рекла, девојчето со денови имало температура, а лекарите поради тешката состојба одлучиле итно да ја пренесат на детската клиника, пренесува Телеграф.

Веднаш по приемот, срцето на девојчето застанало, а и покрај напорите на лекарите, набрзо била констатирана смрт.

Лекарите рекле дека бронхиите на девојчето биле толку полни со секрети што таа се задушила, а мајката реагирала предоцна.

Девојчето немало други коморбидитети, а лекарите во здравствениот дом прегледувале дали малото боледувало од аутизам.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK