По завршување на кривичната истрага од страна на полицијата во Цриквеница, Хрватска, 81-годишен државјанин на Чешка е предаден на надзорник на притвор.
Хрватската полиција го сомничи дека фотографирал и снимал деца на една од плажите во месноста Цриквеница.
Притоа сторил кривично дело повреда на приватност на дете. Мобилниот телефон со кој го извршил кривичното дело е одземен.
Во овој случај полицијата постапила по дојава од граѓани, кои забележале маж со сомнително однесување и го задржале до доаѓање на полицијата, објавија хрватските медиуми.