Во првото тримесечје од годинава нивото на бруто надворешниот долг на Албанија е намален за два отсто.
Според податоците на Централна банка на Албанија на крајот на март, бруто надворешниот долг во однос на Бруто домашниот производ достигна 51,5 отсто од 53,5 отсто на крајот на 2022 година.
-Преведено во бројки, во текот на првиот квартал годинава обврските за јавниот долг се намалиле за 82 милиони евра. Надворешниот јавен долг вклучува директно задолжување од Министерството за финансии и економија, јавуваат медиумите.
Додаваат дека зајакнувањето на лекот во однос на европската валута имало влијание врз намалувањето на надворешниот долг, бидејќи надворешниот долг на Албанија главно е во евра.
Инаку еврото достигна рекордно најниска вредност во однос на албанскиот лек и се заменува за 106 лека за евро.
Имајќи предвид дека земјата се задолжува со нова еврообврзница од 600 милиони евра се очекува надворешниот долг да се зголеми.