Брнабиќ: Србија целосно го почитува територијалниот интегритет на Украина

brnabic-lajen.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српската премиерка Ана Брнабиќ, учествувајќи преку интернет на Самитот на кримската платформа, изјави дека Србија „не е вредносно неутрална“ и дека „целосно ги почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“, пренесоа белградските медиуми.


Кримската платформа е меѓународна дипломатска иницијатива за консултации и координација, формирана на покана на Украина, и ги обединува украинските владини претставници и меѓународни експерти чиј фокус се „критериумите за реинтеграција на Крим“, откако Москва го анектираше украинскиот полуостров во 2014 година.

Брнабиќ истакна дека Србија жали за страдањата што ги претрпе Украина и нејзиниот народ, пренесе Радио Слободна Европа.

„Ние ќе продолжиме да посветуваме посебно внимание на хуманитарната ситуација во Украина и ќе и пружаме помош, за што сведочи нашата одлука да донираме стоки и лекови за ублажување на хуманитарните страдања“, рече Брнабиќ.

Србија е „вистински пријател“ на Украина, додаде таа. Брнабиќ ја истакна подготвеноста на Србија да учествува во повоената обнова на Украина и да ја поддржи нејзината европска интеграција, пренесувајќи ги своите искуства.

Нејзиното учество на Самитот на Кримската платформа уследи по овонеделната средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и српскиот претседател Александар Вучиќ на регионалниот состанок во Атина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK