Брнабиќ со премиeрите на земјите од Западен Балкан во Тирана за Берлинскиот процес и Отворен Балкан

brnabikj
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ, престојува денес во Тирана, каде што присуствува на состаноци со премиерите на земјите од Западен Балкан за претстојниот самит на Берлинскиот процес, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ во оваа прилика се огласи на својот официјален Инстаграм профил каде напиша:


– На работен ручек со премиерите на Албанија, Еди Рама, Црна Гора Дритан Абазовиќ, Северна Македонија Димитар Ковачевски и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји. Разговаравме за продолжување на европската интеграција на Западен Балкан, како и за претстојниот самит на Берлинскиот процес, чиј домаќин ќе биде Тирана, напиша Брнабиќ на својот Инстаграм налог „анабрнабиќ“

Во него се додава дека „со колегите од регионот разменив впечатоци за ефектите од иницијативата Отворен Балкан, која продолжува непречено да функционира и носи повеќекратни придобивки за сите граѓани на членките на оваа иницијатива“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK