Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека продолжува „теророт што го спроведува косовскиот премиер Албин Курти врз Србите на Косово“.
Брнабиќ на новинарско прашање за настаните на северот на Косово рече дека косовската полиција од утрово врши претреси во српските општини на северот од Косово, дека влегле во КБЦ „Косовска Митровица“.
-Теророт на Албин Курти врз Србите на Косово, очекувано продолжува, согласно сето она што го кажуваме и она што со месеци го зборува претседателот на Србија, Александар Вучиќ, терор и малтретирање на Србите на Косово, изјави Брнабиќ.