БиХ исполни еден од поважните услови за отворање на преговорите за членство во ЕУ

БиХ-исполни-еден-од-поважните-услови-за-отворање-на-преговорите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Властите на БиХ вчера го усвоија Државниот закон за Високиот судски и обвинителски совет, органот што избира и разрешува судии и обвинители, со што е исполнет еден од поважните услови за отворање на преговорите за членство во ЕУ.


На седницата на горниот, национално конципиран Дом на народите на Парламентот на Босна и Херцеговина, беа усвоени измените на Законот за Високиот судски и обвинителски совет во идентична форма како што беше направено претходно во Претставничкиот дом, со што стапија во сила.

Според министерот за правда на БиХ, Давор Буноза, законот го подобрува системот на интегритет на судските и обвинителските функции и воведува проверка на нивниот имот и имотот на нивните роднини, а тоа го бараа од ЕУ.

Пред усвојувањето на законот, Делегацијата на ЕУ во БиХ и Американската амбасада посочија дека законските измени претставуваат чекор напред, но дека тие не се целосно усогласени со правното законодавство на ЕУ. Тие истакнаа дека реформскиот процес ќе доведе до воспоставување независен, доверлив и одговорен судски систем.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK