Берели не доби дозвола од судот да излезе од притвор и да даде заклетва за градоначалник

Берели
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Судот во Тирана го одби барањето на Фреди Белери да биде времено ослободен од притвор за да даде заклетва како градоначалник, на утрешната конститутивна седница на Советот на општина Химара.

Членовите на Советот испратиле допис со кој Берели го информираат за седницата и потребата и тој да присуствува на неа, по што неговиот адвокат доставил барање.


Во образложението на Судот стои дека не ги исполнува условите, на што неговите адвокати најавиле повторување на барањето.

Белери беше уапсен, под обвинение за купување гласови, на 12 мај, а иако беше во притвор, граѓаните, главно припадници на грчкото малцинство, на кое му припаѓа и самиот, го реизбраа за градоначалник на оваа приморски општина.

Партијата на Грците, која беше во изборната коалиција на опозицијата “Заедно победуваме”, чиј кандидат беше Берели, како и коалициските партии, апсењето го оценија како политички мотивирано и побараа негово итно ослободување.

Доколку не се смени нешто преку ноќ Химара останува без градоначалник.

Без татко на градот е и северниот град Кукс, иако на мајските избори беше реизбран Сафет Ѓици, од редовите на Социјалистичката партија.

Тој беше уапсен во саботата под обвинение за корупција, а денеска му е изречена мерка притвор.

Претходно, на 16 месецов,  по објавувањето на видео-снимка со интимни односи со девојка во службените простории, тој си поднесе оставка, а веднаш истиот ден владата донесе одлука за негово разрешување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK