Баша: „Стратешки инвеститори“ станаа лица од организираниот криминал

basha_32424234
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Претседателот на најголемата албанска опозициска партија,  Демократската, Љуљзим Баша, обвини дека во земјата “стратешки инвеститори” станале лица од организираниот криминал”.

На средба со партиските  структури на окрузите Кукс и Лежа, рече дека разговарале за ревитализација на Демократската партија, да стане глас на граѓаните пред неправдите на актуелната  корумпирана власт и да ја донесе промената што ја очекуваат  Албанците.


– Демократска партија, ќе стане глас на граѓаните пред неправдите на оваа корумпирана власт. Примери за ова има насекаде, од мафијашката афера со инценераторите,  до злоупотребата на ИПАРД-фондовите кои најмалку се користат за албански земјоделци,  од злоупотреба на ЈПП, до законот за стратешки инвестиции,  посочи  Баша.

Додаде дека средствата “Еди Рама ги искористи за да ги награди своите пријатели и оние кои му донесоа гласови и пари”, а  лица од организиран криминал станаа „стратешки инвеститори“.

-Затоа, ќе бараме: Собраниска истрага на сите кои имаат корист од статусот стратешки инвеститор, да видиме какви стратешки придобивки донеле за развојот на државата,  нагласи Баша.

Порача дека соочувањето со корупцијата, чистењето на политиката, давањето сила на граѓаните да гласаат за своите претставници во Парламентот, како и гласањето на дијаспората се од витално значење за ослободување на големиот потенцијал што го има земјата.

Баша за лидер на Партијата беше избран на 30 минатиот месец по принципот “еден член, еден глас”. По осум години на чело на партијата, оставка поднесе во септември пред две години, политички не беше активен до пред два месеца пред изборот, од кога има редовни средби со членовите на партијата низ целата земја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK